Страв, немоќ, неизвесност. Ноќта што ја оставивме зад нас беше тешка за жителите на с.Будинарци. Велат дека доколку пожарот продолжил да беснее, ќе изгорело целото село. Локалните мештани им се заблагодарија на пожарникарите кои помогнале во гаснењето на огнената стихија.
