Струга, макијатото 90, хамбургер 220 денари – печалбар зачуден: Народот спие, ќе страдаат цел живот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со започнувањето на летната сезона, цените на пијалаците и храната во рестораните и локалите во Струга се зголемија драстично. Граѓаните се жалат дека претходно било поевтино а сега едно макијато чини 90 денари, освежителен сок 120 денари и хамбургер 220 денари.

„Релативно се високи!“

И печалбарите кои се вратиле во родниот крај се зачудени како граѓаните во Македонија врзуваат крај со крај кога се знае колкави се нивните месечни примања.

„Цените се катастрофални и овој народ ќе страда цел живот додека спие. Народот треба да се разбуди и да види што се случува по светот. Овој народ е заслепен, нема очи, не слуша, не делува. Трошоци колку сакаш, прашај колку малтретирања имате, а не трошоци, трошоците ги носиме ние но не знам зошто, ова е многу голем проблем кој не се решава овде“.

Граѓаните се жалат дека и сместувањето во хотелите и приватното сместување е поскапено но хотелиерите го мислат спротивното. Според нив Струга и Охрид има најниски цени, за разлика од другите туристички места.