Струга нема решение за отпадот – владата го заборави ветувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проблемот со отпадот се уште не е решен во Струга. Тој  моментално се акумулира во периферијата на градот, каде се меша со земја.

Граѓаните анкетирани од ТВ21, велат дека најголем проблем имаат во текот на летото поради лошата миризба. Тие апелираат Општината заедно со Владата да преземат мерки за постојано решавање на овој проблем.

Од општина Струга велат дека Владата пред две години вети транспортирање на отпадот во Дрисла, но и по сите направени подготовки од општината, не им е издадена дозвола.

Секоја година, целиот регион генерира 51 тон отпад, а Македонија се уште нема ниту една депонија која ги исполнува сите потребни стандарди.