Болницата во Струга има долг од околу 3 милиони евра, а директорот се фали дека овој кризен период го надминуваат одлично и без никаков проблем.
Арменд Арслани дури вели дека имаат и зголемен број пациенти и дека годинава во оваа здравствена институција се извршени над 900 операции. Додава дека и покрај кризата, успеале да го намалат долгот на болницата.
Арслани уверува дека доволно штедат и електрична енергија.
Потсетуваме дека струшката болница се соочува и со дефицит на персонал, особено во Одделот за педијатрија, каде има само 5 лекари. Ова Одделение во Охрид се затвори пред една година, а во функција е само дневната амбуланта.
