Студен туш од Брисел, Бугарија со прва блокада за земјава – Заев: Прекршен Договорот за добрососедство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На првиот Комитет на постојани претставници во Советот на Европска Унија (КОРЕПЕР), денеска Македонија е блокирана од Бугарија. Ова е првиот негативен сигнал од Бугарија за европската интеграција на Северна Македонија.

Ова го кажа премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по вршењето на увид на гасоводот на кракот Скопје – Тетово – Гостивар.

„На првиот КОРЕПЕР денеска, Северна Македонија е блокирана од Бугарија. Ова е првиот негативен сигнал од Бугарија, со што е прекршен членот 2 од Договорот со Бугарија, кој се однесува на тоа дека Бугарија треба да ги поддржува интеграциите на Северна Македонија во ЕУ“, рече Заев, кој истакна дека не смее да се губи оптимизмот.

„Очекувам нашиот источен сосед да не го кочи процесот на ЕУ на нашата земја“, додаде Заев.