Студентите на сонце, функционерите под сенка, првата генерација ги заврши студиите без универзитетски објект

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е првата генерација на Универзитетот „Мајка Тереза“ која ги заврши студиите. Универзитет се уште нема свој објект, поради тоа студентите мораа да се соберат на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Напладне кога температурата беше 32 степена, студентите и родителите ги седнаа на сонце.

Под сенка беа само политичарите, професорите и функционерите.

Овие студенти, студиите ги завршија во два различни објекти кои не се на Универзитетот Мајка Тереза.

Често беше ветувана изградба на објект, но каде заглавија работите, ги прашавме тие кои седеа под сенка.

„Објект? Да, секако дека е во тек, ќе видиме кога ќе заврши целиот процес, важно дека ќе има Универзитет, знаете веќе во просториите на касарната Илинден“, истакна Ахмети.

Заменик министерот за образование, Арафат Шабани вели дека процесите за изградба на објектот не зависат од нив.

„Тие процеси не зависат од нас“, додаде Шабани.

Според традицијата, студентите по дипломирањето ги фрлаат капите пред универзитетот во кој студирале, но студентите на универзитетот Мајка Тереза во недостиг на објект, оваа традиција ја направија на плоштадот Скендербег во Скопје.