Граѓаните но и таксистите кои ќе купат еколошки, хибридни или електрични автомобили, ќе добијат субвенции од Град Скопје, ова е одлуката на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која планот ќе им го претстави на советниците во Град Скопје, од кои очекува поддршка.
Арсовска зборуваше и за купување на еко автобуси, за кои рече дека ќе придонесат за подобрување на јавниот превоз и животната средина, а трошоците ќе се намалат.
Зборувајќи за враќањето на приватните превозници, Арсовска додаде дека комисијата работи на документацијата и ќе информира кога ќе биде завршен процесот.
