Жителите на општина Кисела Вода ќе добијат субвенции за купување на огревно дрво и тоа по 500 денари за метар кубен. Ваква одлука донела општината, а ќе важи за домаќинствата кои се греат на дрва.
„Најпогодна и евтина алтернатива за греење во текот на оваа зима за граѓаните останува онаа на дрва. Градоначалникот на општина Кисела Вода одлучи да ги субвенционира граѓаните кои се греат на дрва со 500 денари за метар кубен“, вели репортерката на ТВ21, Алмедина Исмајли.
Јавниот повик ќе биде објавен за неколку дена, најави за ТВ21 градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Додека количината на купено дрво мора да се обезбеди како доказ.
ГРАФИКА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
„Поконкретно, на овој јавен повик можат да се пријават сите оние кои набавиле ваков вид на енергија за греење од април годинава, до објавување на повикот. За еден кубен метар огревно дрво ќе се плаќаат 500 денари, додека граѓаните ќе треба да приложат доказ за количината на купени дрва. Плаќањето ќе се врши по принципот прв дојден прв услужен до целосно искористување средствата обезбедени од буџетот на општината во износ од 1.200.000,00 денари“, рече градоначалникот на општина Кисела вода, Орге Ѓорѓиевски.
Граѓаните на оваа општина ја поздравуваат мерката на општината, но за нив 500 денари се недоволни во однос на цената на дрвата.
„Не, 500 денари, 4500 се дрвата или 5000, што е 500 денари, како ќе помогне… пензионерите некако… нема шанси“, рече еден жител на Кисела вода.
„Да ги субвенционираат да се стоплат без пари, да им дадат 10 кубици за да ја поминат зимата како што треба. Ова ли е субвенција од 500 денари, не знам што да кажам…“, вели друг граѓанин.
„…Јас воопшто не користам дрва, сепак има луѓе што се греат на дрва и ме радува затоа што цените вртоглаво пораснаа, многу е скапо. Еве купив нешто овде, тоа се ситници“,
„Добро, ама 500 денари, не знам колку ќе завршат работа“.
„Не гледам голема разлика, 5500 е цената на дрвата. Кога ќе ја погледнеш, џабе е“.
„Добро, одлично. Не се доволни но малку ќе помогнат“.
Заменик директорот на Јавното претпријатие Национални Шуми, Берат Дехари ги отфрла гласините дека нема повеќе дрва во складиштата. Тој за ТВ21 изјави дека на располагање има и 120.000 кубни метри огревно дрво, од вкупно 450.000 колку што имало на почетокот.
„Граѓаните се загрижени дека нема во складиштата, колку што имам информации пред неколку дена, редовно се снабдуваат и има значителни количини. Ќе додадам и дека годинава имавме зголемување на количината, за 20% во однос на претходните години, имаме повеќе огревно дрво“, изјави Берат Дехари, заменик-директор на Национални шуми.
Инаку, општина Кисела Вода субвенционираше и жители кои користат печки на пелети, како и сметки за струја за социјалните семејства. Последната мерка можат да ја искористат околу 2.400 домаќинства.
