Судар на два автобуси во Танзанија, најмалку 38 загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во судир меѓу два автобуса на северот од Танзанија, најмалку 38 лица загинаа, а 30 се повредени, соопштија денес официјални лица.

Судирот се случил синоќа во областа Сабасаба во регионот Килиманџаро, а автобусите се запалиле при ударот. 

Претседателката на Танзанија, Самија Сулуху Хасан, денес изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на жртвите, како и до регионалниот комесар на Килиманџаро, Нурдин Бабу. 

Таа повика на построго одржување на безбедноста во сообраќајот, а идентитетот на жртвите сè уште не е утврден.