Судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжува на 25 ноември

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Поддршка од премиерот Јанша и Словенија за евроинтеграцискиот процес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека на средбата со словенечкиот премиер Јанез Јанша била потенцирана недвосмислената поддршка...

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 17 пациенти – вкупно се лекуваaт 280 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот....

Можно ли е Трамп да остане без пензија и сите поволности што треба да ги има како поранешен претседател?

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да добие пензија од над 221 илјади долари годишно и други бенефиции далеку...

Во последниот квартал од 2020 поумерени негативните ефекти од ковид-кризата и поповолни движењата во економијата

Поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност и поповолни движења во домашната економија се забележани во последниот...

202 казнети возачи во Скопје – 22 користеле мобилен, 17 биле без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само...

Судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица, продолжува на 25 ноември, откако на денешното рочиште беа изведени материјални докази.

Судијката Софче Гаврилова Ефремовска рече дека имајќи ја предвид здравствената состојба на првообвинетиот Бојан Јовановски денешното рочиште завршува и побара да и биде доставена медицинска документација за неговата здравствена состојба.

Во текот на судењето Јовановски, пред судот се пожали дека од специјалист му е наложено во следниот месец да биде на строга терапија и во легната состојба, како и дека не може да го следи изведувањето на доказите.

Првообвинетиот Бојан Јовановски, на почетокот, побара изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремовска, поради како што рече, пристрасност, бидејќи била дел од судечкиот совет на случајот „Рекет“. Судијката, рече дека, барањето ќе биде проследено до претседателот на Судот, по што рочиштето продолжи со изведување на материјални докази, предложени од Обвинителството.

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ. Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.