Поради отсуство на Артан Етеми, еден од двајцата обвинети директори на тетовскта болница, денешната главна расправа за модуларната болница во Тетово се одложи.
Адвокатите негови известиле дека Етеми бил во тешка здравствена и психичка состојба поради смртта на близок член на семејството.
Следното рочиште за тетовската болница е закажано за 31. јануари.
Како што беше најавено, денеска пред почетокот на рочиштето, група граѓани протестираа пред зградата на Судот во Тетово и бараа ослободување од вина на д-р Бобан Вучевски.
Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 година кога животите ги загубија 14 лица, а десетина беа повредени. Судењето почна на 7 декември минатата година.