Боки 13 направи „циркус“ по изрекување на пресудата. Тој наместо да се произнесе за мерката притвор, зборуваше за пресудата, со што Николовска-Масевска нареди да биде отстранет.
„Ова е политичка одлука, парите завршија кај Зоран и Вице Заев“, рече Боки 13.
Потоа Боки 13 почна да се изнесува за притворот, и Николовска – Масевска ја смени одлуката, односно остана во судница.
Боки 13 рече дека во следните денови до обвинителството ќе достави докази за криминали правени од високи функционери.
