Судот повика Брза помош да го прегледа Боки 13

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сашо Дуковски, адвокатот на Бојан Јовановски – Боки 13, побара одложување на денешното рочиште, поради тоа што неговиот клиент не е во состојба да го следи судењето заради нарушено здравје.

-Јовановски не беше прегледан од никого, лекарот констатирал дека нема услови за конзилијарно мислење, бил присутен само дежурниот лекар-рече Дуковски.

Судијката Васка Николовска Масевска инсистираше судењето да продолжи. Таа рече дека е информирана дека е прегледан, и дека извештајот ќе го добие во текот на рочиштето.

-Испратено е уште едно барање од клиника да се испрати заклучок за неговата состојба – рече судијката на денешното рочиште.

Боки 13 рече дека не се чувствува добро, и Николовска Масевска даде пауза од 30 минути и повика брза помош да го прегледа Јовановски.