Светски феномен: Скопската Зоолошка градина доби принова од шест пара близнаци лемури

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во скопската Зоолошка градина се случи светски феномен.

За прв пат добиени се шест пара близначиња лемури.

„Денеска се прославува Интернационалниот светски ден на јогата, а лемурите се сметаат за основоположници на оваа дисциплина. Во светот дури постои и се практикува Лемога- јога со лемури. Овие прекрасни животни од Мадагаскар, секое утро, во јога поза седат свртени кон сонцето. Во Скопје ЗОО кај оваа екипа од Мадагаскар годинава имаме најмногу подмладоци, а особено е интересен податокот дека за првпат добивме шест пара близначиња што е светски феномен. Лемурите се еден од најзагрозените видови на светот, а Скопје ЗОО придонесува за зголемување на бројот на овие единки чии природни живеалишта се повеќе се намалуваат. Да ни се живи и здрави малечките“, напишаа од Зоолошката.