Светските лидери повикаа на воздржаност откако Израел го нападна Иран, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека однапред е свесен за плановите на Израел да го нападне Иран, велејќи дека САД ќе се бранат себеси и Израел доколку Техеран преземе каква било одмазда.
Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека „Иран не може да има нуклеарна бомба“ и изрази надеж дека Вашингтон и Техеран наскоро ќе се вратат на преговарачката маса.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, објави дека „Израел презел еднострани дејствија против Иран“ и го предупреди Техеран да не „ги таргетира американските интереси или персонал“, објави Политико.
