Свиларе без вода, бунарите спас за жителите – овчар поминува по 4 километри да најде вода за стадото

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Овој бунар ископан во 1999-та, и по 22 години останува единствениот спас за семејството Јонузи. Домаќинот вели ако го немаше овој бунар, ќе останале без вода, исто како половина од селото Долно Свиларе во општина Сарај.

ТВ21: 20 години го имаш овој бунар?
Метуш Јонузи: Па и повеќе од 20 години.
ТВ21: И уште ти врши работа?
Метуш Јонузи: Да, да
ТВ21: Сѐ уште го користиш?
Метуш Јонузи: Редовно, кога остануваме без вода.

Но, водата од бунарот, Метуш не може да ја користи и за пиење.

ТВ21: Оваа вода не е за пиење?
Метуш Јонузи: Не, не, водата е само за хигиена. Ги мијам рацете, види колку е ладна. Како планинска вода е.

Немањето вода во текот на летниот период, претставува проблем и за овчарот Сафет Муртезани. Треба да пешачи по неколку километри за да најде вода за стадото од 400 овци.

Сафет Муртезани: Имаме многу проблеми. Се случува во неделата 4-5 дена да сме без вода. Овците ги носиме на друго место каде што има вода. И таму нема доволно, но барем колку-толку ни помага.
ТВ21: Дали е далеку од тука?
Сафет Муртезани: Од прилика 4 километри, таму ги носам на пасење.
ТВ21: Дали ова се случува често?
Сафет Муртезани: Да, особено во текот на летото. 

Иако жителите од руралните места спасот го гледаат во бунарите, поради немање воопшто водоводна мрежа, или рестрикции во летниот период, од невладината организација „Новинари за човекови права“, кои се занимаваат со истражување на безбедноста на водата во селата во Македонија, велат дека водата од бунарите е штетна  за организмот на луѓето, особено на децата. Околу 35% од руралните средини консумираат небезбедна вода.

Побаравме став и од ЈП Водовод и канализација, од каде ни рекоа дека главниот проблем е неконтролираното трошење на водата. Додаваат дека користењето на водата се зголемува паралелно со покачувањето на температурите.

„Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до го корисниците рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање и наводнување на поголеми површини“, велат од ЈП Водовод и канализација.

Од ова претпријатие порачуваат дека ќе биде санкционирани сите кои илегално се приклучуваат на системот. Долно Свиларе спаѓа под о.Сарај и се наоѓа на само неколку километри од изворот на вода во с.Рашче, до каде се снабдува целиот главен град. Со недостиг на вода се соочува и Горно Свиларе.

Со овој прилог ТВ21 се приклучува на кампањата „Разбистри се“, која ја спроведува Институтот за комуникациски студии, а со поддршка од Британската амбасада во Скопје.