СВР Куманово апелира граѓаните да не палат отпадоци, меѓи, стрништа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По многубројните пожари на подрачјето на Куманово, Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните, особено земјоделците, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите.

-Да се воздржат од палење огнови, кои можат брзо да пламнат и да се прошират односно да нанесат огромна штета. Секој што на било каков начин ќе предизвика пожар, ќе се соочи со ригорозни казни, а предвидени се и затворски казни, соопшти СВР Куманово.