„Таа ноќ Македонија не ги загуби само своите синови и ќерки, туку и својата иднина“, рече Гаши на комеморативната собраниска седница за Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши се обрати на комеморативната седница во Парламентот, по повод една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На комеморативната седница присуствуваа пратеници, но и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, и премиерот Христијан Мицкоски.

„Некои ноќи завршуваат рутински, некои оставааат спомени, но има такви кои никогаш не завршуваат. Постојат утра што будат надеж и раѓаат нова сила, но има и мрачни утра кои ја гасат надежта и носат нова болка. Такво утро беше 16 март во 2025 година, по трагичната ноќ во Кочани. Ноќ што започна со забава, со млади кои славеа, со пријателства и насмевка, а заврши со плач, рани и болка која продре во срцето на целата држава. Таа ноќ Кочани и Македонија не ги загубија  своите синови и ќерки, туку и својата иднина. Неповратен дел од нашата душа изгоре во Кочани. Таа ноќ заедно со животитте на 63 лица, со себе ги однесе соништата на многу млади луѓе кои ги носеа со себе и кои почнаа да се градат. Денеска стојам пред вас со длабоко чувство на тага и тежок товар на одговорноста. За да се зборува за ваква трагедија е една од најтешките задачи кои може да и припаднат на една институција и едно лице. Дури и по една година тешко е да се изберат зборови, но уште потешко да се изговорат. Јавниот збор е должност, тој никогаш не бил толку тежок, особено кога си свесен во ваков случај ниту една реченица не е доволна да ја исполни празнината и да ја ублажи болката на семејствата. Има зборови кои плачат и солзи кои зборуваат, ќе рече еден поет. Солзите на мајките, родителите и сите граѓани зборуваат погласно од секоја изјава која може да ја даде секој.

После една година се зобравме да се потсетиме. Се собравме како никогаш до сега, не како власт и опозиција, туку како опшстетво кое беше длабоко повредено од оваа ужасна трагедија. Да им испратиме порака на семејствата дека оваа болка не се сами. Бранот на оваа болка не зафати сите, донесе болка, но и солидарност.

Тука сум да потсетам трагедиите никогаш не треба да бидат поле на раздор, туку поле на солидарност, хуманотст и сплотеност. Во тие денови видовме дека никој не добива од поделбите. Во најтемните моменти од земјата, ја видовме и најсветлата страна на нашето општество, како блеска силата на хуманоста, солидарноста и искрената поддршка. Во Собранието беше отворена книга на жалост. Стотици граѓани дојдоа во тишина да напишат неколку зборови за оние кои не се повеќе меѓу нас. Таму немаше никакви политички пораки, туку само искрени чувства, болка, копнеж за животите кои порано згаснаа.

Оваа седница е да се потсетиме, но и да размислиме. Трагедии како оваа ни покажуваат дека одгоровноста на институциите е поголема отколку што проценуваме, и дека правдата е поважна отколку што замислуваме. Затоа е важно институциите, Јавното обвинителство, судовите, Министерството за внатрешни работи и сите истражни органи да работат во овој процес со професионализам, независно и целосно транспарентно. Правдата не треба да биде пребрза, но ниту задоцнета. Само правдата и вистината може да донесат мал спокој за семејствата и за општеството. Точно и прецизно да се таргетираат виновниците за оваа трагедија. Ова исто треба да биде лекција дека спроведувањето на законот на нашата држава е обврска од која никој не е амнестиран.

Оваа трагедија е последниот аларм за сите политички и општествени чинители, да се вратиме кон самите себе и нашата човечност, да се издигнеме како поединци, за повторно да ја изградиме државата од почеток, но овој пат на темелите на правда и чесност“, рече Гаши.