Тачи не е повикан во обвинителство – Зејди: Не коментирам лица кои се на црната листа на САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, досега не е контактиран од Обвинителството да даде исказ околу обвинувањата од пред неколку недели – дека Алтернатива и Издавачката куќа „Логос“ се финансираат од Иран. Според Тачи, по изборите на 12-ти април ќе има нешто поконкретно.

-Продолжуваат да истражуваат веќе 3-4 години, но, не нема. Разбрав дека сакаат по 12-ти април, но народот сака да ја дознае вистината пред 12-ти април-рече Тачи.

Генералниот секретар на Алијанса, Скендер Реџепи-Зејди, вели дека не претпочита да коментира луѓе кои се на црната листа на САД. Тој побара сите државни органи да го истражат финансирањето на неговата партија.

-Нема да коментирам лице кое е на црната лица на Американците, заедно со Сулејмани кој го спомна тој и останатите кои се ризик за САД. Да го коментираш тој човек е повеќе од понижување, бидејќи немам потреба да ја коментирам неговата изјава…Алтернатива е субјект кој се финансира законски, и не само Обвинителството, секој орган кој е подготвен, канцелариите се отворени слободно нека дојдат. Ние имаме добра соработка со државните органи-вели Реџепи-Зејда.

По изјавите дадени во „Клик Плус“ за финансирањето на Алтернатива и Издавачката куќа „Логос“, Тачи самиот се понуди да сведочи во Јавно обвинителство и ја повика УЈП и Обвинителството да ја провери дејноста на издавачката куќа.