Тајланд ја обвини Камбоџа за второ кршење на примирјето за два дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тајландската војска денес ги обвини камбоџанските сили за кршење на договорот за прекин на огнот на три одделни локации долж спорната граница, предупредувајќи дека континуираната агресија би можела да ги принуди тајландските сили да одговорат порешително.

Тајланд денес објави дека камбоџанските сили пукале врз позиции во североисточната тајландска покраина Сисакет, на северната граница на Камбоџа, пренесува Ројтерс.

„Камбоџанските сили употребиле лесно оружје и фрлачи на гранати, што го натерало Тајланд да одговори во самоодбрана“, изјави пред новинарите портпаролот на тајландската војска, генерал-мајор Винтаи Сувари.