Мајк Тајсон ќе се врати во боксерскиот ринг на 20 јули во борба со Џејк Пол, најдобриот боксер меѓу Јутјуберите.
Поранешниот светски шампион и некогаш разорен нокаут, денес има 57 години, кој последната професионална борба ја имаше во 2005 година, а последниот егзибициски меч во 2020 година против Рој Џонс Јуниор.
Пол е еден од најпознатите Јутјубери и инфлуенсери во светот. Пред четири години почна да се занимава со бокс што е негова голема страст и оттогаш има акумулирано десет професионални натпревари. Девет од нив победи (шест пати со нокаут), а единствениот пораз му беше од Томи Фјури, братот на попознатиот боксерски шампион Тајсон Фјури.
Борбата ќе се пренесува во живо на Нетфликс, а Тајсон за неа ќе заработи убава сума.
Според Хенри Сеџудо, неговиот пријател и поранешен шампион во бантам категорија на УФЦ, вклучената сума е 20 милиони долари.
