Таксистите бараат итни мерки, најавуваат протест – бараат координирана акција од институциите за наталожените проблеми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Девет години нерешени прашања ја загрозуваат работата на такси-превозниците и безбедноста на патниците, соопшти Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје.

Таксистите укажуваат на диви превозници, непријавени возачи и нерегуларности со таксиметрите. Дополнителен револт предизвикало одбивањето за издавање лиценци на возила постари од 2011 година. Според нив, ваквата мерка може да остави стотици возачи без работа.

Од Владата бараат законски измени и засилени инспекциски контроли.

Поради состојбата во секторот, таксистите најавуваат протест во наредните денови.