Талибанците и ветија на американската администрација безбеден пристап за евакуација на Американците и Авганистанците до аеродромот во Кабул и не поставија временска рамка за тоа, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за Си-Би-Ес.
– Исто така, важно е да се напомене дека талибанците изјавија дека имаат намера да го одржат аеродромот отворен, сакаат да имаат функционален аеродром. Тие се посветени на обезбедување безбеден премин без никакви рокови, рече тој.
Претходно, телевизијата Ал Џезира објави дека талибанците испратиле баталјон специјални сили на аеродромот во Кабул за да го воспостават редот таму. Телевизијата цитираше авганистански извори.
