Танкер со нафта погоден во Дубаи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иранските сили директно нападнаа кувајтски танкер за нафта додека бил закотвен во пристаништето Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, објави синоќа кувајтската државна новинска агенција, повикувајќи се на Кувајтската нафтена корпорација, објави „Њујорк тајмс“.

Властите во Дубаи реагираа на инцидент во кој дрон го погоди танкерот, предизвикувајќи пожар во емиратските води, соопшти канцеларијата за медиуми на владата на Дубаи. Ниту еден од 24-те членови на екипажот не е повреден и е безбедно, додаде таа. Морските противпожарни екипи го изгаснаа пожарот, кој подоцна беше ставен под контрола.

Кувајтската нафтена корпорација соопшти дека танкерот „Ал-Салми“ бил целосно натоварен во времето на нападот и бил погоден од иранските сили. Трупот на бродот бил оштетен, а пожарот и штетата можеле да предизвикаат излевање на нафта во околното море, предупредија тие. Преземени се мерки за спречување на еколошка штета.

„Танкер Трекерс“, компанија која ги следи движењата на танкерите, соопшти дека бродот превезувал околу два милиони барели сурова нафта, околу 1,2 милиони од Саудиска Арабија и околу 800.000 од Кувајт. Се наведува дека танкерот завршил со товарење пред околу еден месец.

„Ал-Салми“ е масивен танкер, долг речиси 335 метри, изграден во 2011 година од јужнокорејската компанија „Даеву Шипбилдинг енд Марин Инженеринг“.