Во дебатниот магазин „Click Plus“ вечерва гостува генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.
Тој смета дека директорските позиции во Скопје сега треба да и припаднат на Алијанса за Албанците, со оглед на тоа дека Алтернатива веќе влезе во Влада.
„Алтернатива се сега дел од Централната власт. Тие ќе раководат со сериозни ресори и директорски позиции. Што се однесува до директорските места на локално ниво во Скопје, сметам и мислам дека треба да припаднат на Алијанса за Албанците. Но, да почекаме уште малку. Се надевам дека ќе имаме преговори наредните денови и ќе решиме што понатаму“, посочи Таравари.
