Таравaри: Мицкоски ни се извини за 27-ми април – ВМРО-ДМНЕ, Алијанса и Алтернатива во коалиција за локалните избори?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Погледнете ги фотографиите од првиот снежен натпревар во сезоната на ХНЛ

СЛАВЕН БЕЛУПО оствари голема победа (0: 1) на гостувањето кај Горица во преостанатиот натпревар од 11. коло....

СЗО: На светот му се потребни повеќе вакцини против коронавирус

Мајк Рајан, водечки експерт за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), го поздрави одобрението на Велика...

Загреб зафатен од снежни врнежи (видео)

Хрватска е завеана, а снег има и во други балкански земји.  Загреб е затрупан...

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спомениците на хероите, Шилегов и Заев ќе завршат во срамниот дел од историјата на Македонија

По изјавата на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во која посочи дека неговиот став кон дислоцирање...

Милошоски: Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук сподели вести од вечерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ.

Детали од разговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците синоќа во Click Plus на ТВ21 откри генералниот секретар Арбен Таравари. Тој вели дека Мицкоски се извинил за упадот во Собранието на 27-ми април кога и лидерот Зијадин Села се здоби со тешки телесни повредни.

На „маса“, наводно, се нашол и Законот за јазици, кој во почетокот на 2017 година беше дел од коалицискиот договор меѓу СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците, а на кој ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше.

„ВМРО ДПМНЕ последниот период ни дава сигнали кои влеваат надеж. Во едно интервју кое Мицкоски го имаше за весникот Коха, рече дека е подготвен доколку дојде на власт 20% од албанскиот јазик да се отстрани, тоа е позитивен сигнал и на денот на средбата во Хилтон во Скопје се извинуваше за случаите на „27-ми април“. Ќе видиме ако имаме уште сигнали кои ќе овозможат да се отвори патот за соработка ние ќе бидеме со нив.“, рече Таравари.

Прашавме во ВМРО-ДПМНЕ, дали навистина лидерот Мицкоски се извинил и дали со тоа партијата прифаќа дека била организатор на упадот во законодавниот дом на 27-ми април, но од таму без коментар, па не упатија на одговорот на Мицкоски од пред две недели.

„Јас сум кажал во минатото, ќе го повторам тоа. Жалам за тоа што се случи на тој ден и низ се она што помига господинот Села и тоа никогаш да не се повтори“, рече Мицкоски.

Таравари синоќа рече дека со партии кои не ги почитуваат договорите со Грција и Бугарија нема да седнат на заедничка маса. Но, доколку СДСМ и ДУИ настапат заеднички на локалните избори, тогаш и Алијанса за Албанците ќе се потруди да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

„Се разговараше, зошто да не и на локалните избори ако постојат услови да има одредена соработка и толку беше од средбата. Јас се надевам дека во иднина ќе продолжат средбите. Ние имаме комуникација со сите политички партии, не значи дека комуницираме само со ВМРО-ДПМНЕ туку и со СДСМ имаме коректни односи.“, изјави Таравари.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека опозициските елементи ќе ги обедини токму нивната партија.

„Опозициското расположение во Република Македонија е се поголемо заради се она што се случува изминативе години тука во Република Македонија и се она што народот го трпи на свој грб и нормално е ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија и најмоќна опозициска партија во РМ и законодавниот дом да ги обедини сите опозициски елементи кои што делуваат опозициски во РМ.“, рече портапоролот Димче Арсовски.

Од СДСМ велат дека барањето за широка Влада е политички аматеризам, а Мицкоски несериозен политичар.

„Ваквите изјави на Мицкоски всушност не доликуваат ниту на политичка дебата и веќе нема никакво ниво, ниту би рекла здрава логика да се дискутира било каков предлог кој што најчесто не опстојува ниту во текот на 24 часа.“, вели Снежана Калеска – Ванчева.

Опозицијата бара и техничка Влада со цел заедничко преземање на одговороноста на клучните политички теми, како што е спорот со Бугарија.