Таравари со кампања за привлекување туристи – со спотови ќе се промовираат убавините на Гостивар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ја започна кампањата за привлекување турсити во Гостивар. Под мотото “Кого ќе избереш? Избери го Гостивар“ – Таравари рече дека од денеска започнува со промоција на туристичките атракции, ресторани, храна и традиција на Гостивар за привлекување повеќе туристи.

„Со ова мото ја прогласувам за отворена туристичката кампања за нашиот град. Сите ние имаме многу за да понудиме, имаме прекрасна природа, имаме ретки мајстори, култура, невообичаена историја, ресторани, гостопримливост, кои нудат и невообичаено искуство, затоа од денеска целиот народ на Гостивар му вели на секој турист – Избери го Гостивар“, истакна Арбен Таравари.