Лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари со резерва дали би коалицирал по изборите со ВМРО-ДПМНЕ. Иако ВМРО-ДПМНЕ на секоја анкета води, Таравари сè уште е со резерва. За Мицкоски вели дека неговите изјави се конфузни и нејасни.
-Со Мицкоски се сретнав пред да влеземе во влада, ноември или декември, ноември. Од тогаш немало никаква комуникација со г. Мицкоски. Лично јас се уште имам резерви. Верувам и посакувам да ја сфати реалноста дека…
-Резерва за што?
-За натамошна соработка.
-Со Мицкоски кој според анкетите е победник?
-Тој е победник според анкетите, сакале или не. Но неговите изјави се некако конфузни, нејасни.
Таравари вели дека би бил подготвен за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ само доколку се подготвени да ги спроведат уставните измени.
-Доколку има отпор за уставните измени по изборите, јас не сум заинтересиран да бидам дел од влада која не е подготвена, зборувам за пратениците кои ќе ги има АА, доколку се подготвени, тука сме за разговор и коалиција-вели Таравари.
Но што велат од ВМРО-ДПМНЕ? Дали се подготвени за ги прифатат уставните измени за коалиција со албанските партии? Од таму велат дека нивниот став не се сменил и дека не прифаќаат уставни измени под бугарски диктат.
Инаку и лидерот на оваа партија, Мицкоски во Клик Плус рече дека ја претпочита албанската опозиција за формирање на владиниот кабинет, спомнувајќи ги 4 лидери на ВРЕДИ, Меџити, Касами, Гаши и Таравари.
