Во рок од една недела, татко, мајка и нивната ќерка на 36 години, починале од компликации од Ковид-19 во својот дом во Тетово. Сите тројца имале хронични болести, и се наоѓале во тешка состојба, информираат од тетовската кличничка болница, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК.
Тие не заминале на преглед, и починале дома.
-Имаме информација од минатата недела дека во домашни услови има тројца починати од едно семејство, од кои најмладата е 36 годишна жена со коморбидитети, била со обезитас, гинеколошки проблеми. Нејзините родители биле во тешки форми на болести како канцер во терминална фаза кај таткото и кардиолошка болест кај мајката. Значи генетскиот фактор и коморбидитетите се главниот проблем за смртни случаи при зараза со Ковид-19, изјави д-р Миранда Пајазити од тетовската клиничка болница.
Од болницата велат дека немаат информации како се заразиле членовите на семејството.
Според последните податоци од тетовскиот Ковид-центар, за изминативе 24 часа на болничко лекување се 108 пациенти од кои 106 се на кислородна поддршка, има примено 14 нови на болничко лекување, а 10 се пуштени дома. Има и две починати лица на 40 и над 60-годишна возраст, пренесува порталот.
