Таткото кој си ги уби трите деца е во болница и во стабилна состојба – го обезбедува полиција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Австриецот со иницијали Х.К., кој ноќеска си ги уби трите деца, е во болница и е во стабилна состојба.

Хрватските медиуми јавуваат дека го обезбедува полиција.

Тие пишуваат дека се работи за маж од Виена, кој живеел на релација Загреб – Виена. Во хрватската престолнина имал и компанија, иако во својата кариера работел и како консултант и преговарач за повеќе големи компании, но главно се занимавал со финансии.

Инаку, таткото ноќеска си ги задавил трите деца – близнаци, момче и девојче на 7-годишна возраст, и уште едно синче на 4-годишна возраст, а се се случило во нивниот стан. Откако таткото ги убил децата се обидел и да се самоубие со труење.

За можниот обид за самоубиство, полицијата била информирана од негов пријател, кој ја видел пораката на фејсбук во која тој се збогувал со сите. Кога полицијата стигнала во станот, го нашла таткото и трите мртви деца.