Предлог-законот за Јавното обвинителство и оној за Советот на јавни обвинители кои Владата ги достави до Собрание, предизвика хаос во законодавниот дом. Дека нешто не е во ред стана јасно уште во утринските часови.
По ова, пратеникот на ДУИ изјави дека неговата партија ќе го поддржи со глас само текстот кој ден претходно бил договорен меѓу нив и коалицискиот партнер, СДСМ. Но, како што се чини социјалдемократите не знаеја што се случува.
Напладне, изјавата на лидерот на ДУИ почна да фрла светло за конфузијата која настанала.
„Сега јас го знам договорениот закон, но законот кој претрпел промени поради волјата на другите, немам идеја за тоа, бидејќи јас сум на средба и пред средбата дознав дека договорениот закон не бил презентиран во Собрание“, истакна Али Ахмети.
Но, и покрај тоа, собранискиот спикер не прифати дека во Собранието состојбата е малку напната…
„Доколку има некаква грешка, пропуст, предлагачот е оној кој треба да го повлече и да го дополни предлогот со прашањата кои се спорни“, одговори Џафери.
Иако седницата беше свикана за 17 часот, но сепак никако да почнеше…
Опозицискиот пратеник раскажувајќи за она што слушнал по ходници, рече дека некои министри и пратеници во Собрание преговараат за неколку измени на текстот на законот. По неколку часа, пратениците повторно се собраа во собраниската сала, каде требаше да се одлучи, иако Владата официјално побара да се повлечат двата текста, поради технички грешки.
За време на паузата, па сѐ до следната седница на која се очекуваше да се изгласа потребата за носење на двата закона, власта и опозицијата имаа време дури и за меѓусебни обвинувања.
Потоа министерката за правда објасни дека не станува збор за нов текст, туку дека владините служби до Собрание ја доставиле старата верзија, а не текстот кој бил договорен претходната вечер.
И кога целат конфузија конечно беше разрешена, во 23 часот Собранието ја изгласа потребата за носење на двата закона. За нив сега ќе се дебатира во Комисијата за европски прашања, а потоа ќе влезат на пленарна седница на гласање. Сѐ уште е неизвесно дали ќе бидат обезбедени потребните 80 гласа за законот. Освен опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која се произнесе дека нема да го поддржи законот, против се и тројца пратеници од Алијанса за Албанците и двајца од редовите на Беса. Се очекува 7-те пратеници од независната група на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат „за“.
