Тензии во Кичево поради социјални станови, жителите не дозволуваат, градежната компанија продолжува да гради

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По вчерашниот инцидент меѓу обезбедувањето и жителите на населбата Ивандол, денеска локалното население уште од раните утрински часови ја блокираше улицата, во знак на протест против изградба на социјални станови.

На 29 јуни жителите се сретнаа со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кој им вети дека градежните активности во оваа населба ќе бидат стопирани додека да се изнајде решение. Но, сопственикот на градежната компанија, вчера го прекрши ова ветување.

Со 50 членови на неговото лично обезбедување дојде во населбата со цел да продолжи со работа, но настана инцидент со мештаните. Како што раскажуваат жителите, обезбедувањето на компанијата влегло во нивните дворови и повредило неколку луѓе.

Жителите велат дека ќе продолжат да протестираат и нема да се откажат сѐ додека не запре изградбата на социјалните станови наменети за граѓани од ромската заедница и социјално загрозените семејства.