Тешка несреќа на автопатот Скопје – Тетово, има загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на автопатот Скопје – Тетово.

Првични информации велат дека станува збор за несреќа помеѓу автомобил „Опел“ со тетовски регистарски таблички и автобус.

На лице место загинале две лица (маж и жена), додека друга жена починала во Клиничката болница во Тетово.

Во болница е пренесено и повредено дете.

Јавниот обвинител, екипите на противпожарната служба и полицијата се на местото на настанот и вршат увид.