Ноќта меѓу неделата кон понеделникот автобус излета од автопатот А1 и се преврте.
Со автобусот управувал 36-годишен возач, а после излетувањето, се превртел на страна. Во несреќата повредени се осум лица, од кои една потешко.
Повредените се пренесени во болница во Загреб и во Карловац, извести полицијата.
Во моментот на несреќата, во автобусот се возеле 13 патници и двајца возачи. Од компанијата во чија сопственост бил автобусот, потврдуваат дека тој бил технички исправен, и дека него го управувале искусни возачи.
Фото: Дамир Пуклавец/Pixsell