Тешка сообраќајна несреќа во САД: Се преврте автобус, има и загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Автобус со околу 50 патници, кој превезувал туристи од екскурзија на Нијагарините водопади, се преврте при враќањето од патувањето во сојузната држава Њујорк, во близина на американско-канадската граница.

Полицијата објави дека има повеќе загинати, а некои патници сè уште се заробени во остатоците од автобусот. Несреќата се случила меѓу Бафало и Рочестер на автопатот I-90, во близина на излезот Пембрук на меѓудржавниот пат.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, ја нарече несреќата трагична. Туристите во автобусот главно биле од индиско, кинеско и филипинско потекло. Меѓу жртвите, наводно, има и дете.

Во несреќата учествувала и приколка на трактор, а точниот број на жртви сè уште не е познат. Возачот преживеал.