Тешка сообраќајна несреќа во скопско: малолетници тешко повредени!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 26.02.2021 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„2“ во с.Визбегово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(26) од Скопје, мотоцикл „хонда“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.З.(18) од Скопје и мопед „лифан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се здобиле двајцата мотоциклисти и двајца сопатници на мотоциклите, С.Е.(19) и 15-годишник од Скопје.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.