Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација, се чекаат резултатите за да се направи план за понатамошно функционирање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По пројавување на првиот случај на коронавирус во Тетово, пациентот бил во Заводот за рехабилитација, и од тука таму се тестираат вработените, и ќе се одлучи како ќе функционира понатаму Заводот.

„Од заводот за рехабилитација и натаму траат испитувањата, анкетите. Земени се материјали на 18 вработени, веднаш после стигнувањето на сите резултати, ќе се направи план за функционирање. Постои можност да работи само амбулантскиот дел од понеделник, но да почекаме да видиме какви ќе бидат резултатите“, рече Филипче.