Семејството на починатиот од коронавирус, кое одбивало да соработува со епидемиолозите, денеска било тестирано. Тие прифатиле на тестирање, и земени се брисеви од 14 лица. Ова го откри министерот за здравство Венко Филипче.
Тие биле на погреб, а на тестирање се пријавиле неколку семејства. Осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот на пациентот кој починал, и кому помсртно му бил дијагностициран Ковид-19, напиша Филипче.
Министерството за здравство во врска со овој случај соопшти дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот присуствувале 200 луѓе.
