Тетово има шампионски тимови, а лош стадион

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тетовскиот стадион се уште е во ваква состојба. Иако има 3 екипи, Шкендија, Ренова и Тетекс, градот сепак нема стадион кој ги исполнува условите.


Ова е еден од влезовите на градскиот стадион во Тетово, а навивачите треба да поминат по отпад и трња за да го следат натпреварот на нивниот омилен тим.

Граѓаните сакаат нов стадион, со цел и европските натпревари да ги следат во Тетово, а не во Скопје.


Сметам дека Шкендија одамна заслужува да ги има сите услови. Таа нè претставува сите Албанци во Европа, игра на меѓународни натпревари. Ова се истите проблеми како во Африка.

Стадионот е добар, мислам на теренот, но сепак столчињата треба да се средат, нема услови.

Секако дека треба. Ние често одиме на стадион, велат жителите на Тетово.

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами вели дека градот има договор со приватна компанија и очекува во текот на 2022 да почне реновирањето на стадионот.


„Имаме постојан контакт со компанијата изведувач на активностите за реконструкција на стадионот. Имаше неколку барања кои се разгледуваат за да се решат и проблемите кои се појавија и јас се надавам дека во текот на оваа година ќе имаме можност да почнеме со реконструкција на градскиот стадион“, рече Касами.

Со години се ветува реновирање на стадионот но досега тие ветувања останаа само зборови. Уреден е теренот и осветлувањето на стадионот. Тетовските тимови поради лошите услови меѓународните натпревари ги играат надвор од Тетово.