Тетово, плакатите на кандидатите се уште не се отстранети – општината и денеска одмара

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пропаганден материја и плакатите на кандидатите за градоначалник се уште стојат низ градот Тетово.

„Иако поминаа околу два месеца од локалните избори, пропагандните материјали се уште не се отстранети во некои делови на Тетово“, вели репортерот на ТВ21.

Според законот овие материјали треба да ги отстранат самите партии,  во спротивно општинскиот инспекторат ќе треба да преземе мерки. Во конкретниов случај општинскиот инспекторат ќе треба да постапи   за претседателот на Беса кој воедно е и градоначалник на општина Тетово. Инаку денеска   општина  Тетово не  работеше.  Преку соопштение  известија дека понеделник ќе биде неработен ден  и истиот ќе  го одработат некој друг ден.

„Се известуваат сите граѓани на Тетово дека 03.01.2022   ќе биде неработен ден за општина Тетово. Истиот ќе се компензира некоја сабота  во 202 2, за што граѓаните претходно ќе бидат известени“, додаваат од општината.

Во многу делови од градот можат да с е видат натписи на ѕидовите     кои се останати од избори од пред неколку   години. Ова покажува дека политичките партии а ниту општинскиот инспекторат не презеле мерки ниту во минатото во врска со ова.