Тетово, поскапува паркингот – Касами пред изборите вети бесплатен паркинг

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Два месеца откако е начело на општина Тетово, градоначалникот Биљал Касами ги покачи цените на паркингот во градот. Рече дека со тоа се придонесува кон поставување на ред во сообраќајот и паркингот и дека не се чепка по џебот на граѓаните.

„Делумно ќе има поскапување, но  воедно ги информирам граѓаните дека со одлука на општинскиот совет ќе се намали паркингот по часови, до 10 е, ќе се намали на 1 час и граѓаните навечер ќе имаат 1 час по веќе  да паркираат бесплатно“, истакна Биљал Касами.

Ценовник за затворените паркинзи:

  • ЗОНА А – Цената за 1 час од 30 во 40 денари
  • ЗОНА Б – Цената за 1 час од 20 во 30 денари
  • ЗОНА Ц – Цената за 1 час од 15 во 20 денари

И цената за зонско паркирање во зона А е зголемена за 10 денари.

Но не беа вакви ветувањата на Касами пред да дојде на чело на општината. Три дена пред локалните избори им вети на граѓаните дека паркингот во Тетово ќе биде бесплатен додека општината најде решение за овој проблем.

„И јас тоа им го кажувам од вашето студио на граѓаните на Тетово, од  моментот кога ќе дојде Биљал Касами на чело на Тетово додека не најдеме паркинг за секој автомобил, паркингот во Тетово нема да се наплаќа“, додаде Биљал Касами.

Според планот што го предвиде општина Тетово за 2022 за решавање на проблемот со паркингот, со буџетот на општината треба да се изградат катни гаражи , 2 во Тетово и 1 на Попова Шапка.