Тетовското обвинителство кое според бројот на кривични дела е веднаш зад Скопје, работи со само 4 обвинители. Во моментов се само 3 бидејќи едниот е на боледување. Вршителот на должност главен обвинител на Тетовското обвинителство Бесир Алиу признава дека бројот на обвинители врз основа на кривичните пријави е мал. Тој бара итно да се донесат нови обвинители во Тетово.
„Што се однесува до бројот на обвинители може да се каже дека не е доволен и треба итно да се донесат нови обвинители, бидејќи Тетовското обвинителство е меѓу обвинителствата со најголем број предмети по Скопје. Во текот на 2020 имаме добиено околу 1600 кривични дела против лица доведени со полиција и физички лица“, истакна Бесир Алиу.
Од друга страна адвокатот Ибраим Бајрами вели дека поради малиот број обвинители се одолжуваат предметите а истрагата не е соодветна.
„Со одговорност можам да кажам дека во систематизацијата на работните места за тетовските обвинители, предвидено е да има 11 обвинители и двојно повеќе за работните места за стручни соработници. Пред одредено време Тетово имаше две функционални обвинители и тоа шеф на обвинителството и друг обвинител. Еден обвинител беше на боледување и еден поради здравствени причини апстинирал од работа, по четири работеа и тоа влијаеше на истражната постапка, на оценувањето на кривичните предмети, и на директен начин им се загрозува правото на осомничените за истражна постапка“, истакна Ибрахим Бајрами.
Но што значи недостигот на обвинители за осомничените за кривични дела
„Влијае на мерката за притвор, собирањето на факти и докази за потврдување на фактичката состојба, влијае и во текот на судскиот процес. Овој недостиг понекогаш оди и во корист на осомничените, но понекогаш и во нивна штета бидејќи странките во тој судски процес не можат да бидат подготвени да ги претставуваат предметите на квалитетен и стручен начин и одбраната ова состојба го користи максимално како хендикеп на обвинителството“, додаде Ибрахим Бајрам.
Во Битола врз основа на податоците на веб страницата на ЈО на РСМ, има вработено 7 обвинители, а во Прилеп се 6. Толку се и во Велес, а бројот на предмети е многу помал во однос на тој во ЈО Тетово.
