Ова се производи кои не можат да се најдат на пазарот. Ги измислија неколкумина изумители од Тетово. За една година основаа културно здружение за креативност и иновации. Електричен автомобил, автомобил што се пали со удар на дланките. Електрична колепка, апарат за печење пченка и костени и многу други кои не можат да се најдат на пазарот. Наспроти тоа тие до сега не добиле никаква институционална поддршка било од локалната власт или државата.
„Немаме никаква поддршка и сега сами ги произведуваме, сами правиме анализи и ги купуваме сите материјали. Имаме многу проекти но економското прашање е тоа поради кое не ги реализираме и се надеваме дека за ова здружение некој ќе инвестира во одредена форма и сакаме сериозно ова здружение да го подигнеме уште повеќе“, вели Али Касами.
„Имаме неколку проекти кои ги презентираме денеска и други за кои некој кој е заинтересиран треба да ни помогне и тоа е најголем проблем и какао што можеме да видиме имаме и други работи, друг автомобил, овој апарат тука и многу други“, изјави Шабан Салиу.
Салиу вели дека до сега немало вакви производи и дека интересот ќе расте.
„До сега немало вакви нешта и мислам дека ќе се афирмираат и дека ќе продолжиме, но се уште не се унапредени но немаме инвеститори и ќе чекаме некој да ни помогне“, рече Салиу.
Во ова здружение има и млади, основачите чекаат во иднина ова здружение да биде иднината на земјата, производи што ги обмислуваат и измислуваат секој ден ќе се пуштат на пазарот како сериски производи и да им бидат од помош на многумина, но до тогаш овие иноватори ќе чекаат инвеститор и институционална поддршка.
