Тетово, за 5 месеци, 43 граѓани каснати од кучиња – општината распиша тендер за третирање на кучиња скитници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По две години, општина Тетово презеде чекор за решавање на проблемот со кучињата скитници објавувајќи тендер за наоѓање компанија која ќе се занимава со ова прашање. Од општината велат дека една компанија која се пријавила понудила најповолна понуда, а тоа е компанијата АНА АГРО која ќе има на располагање околу 3 милиони денари за третирање на кучињата скитници.

„Од финансискиот сектор ме информираа дека завршил тендерот и дека една компанија го добила тендерот која понудила најповолна цена за третирање на кучињата скитници, но до петок има време за жалби и откако ќе се склучи договорот, компанијата ќе започне со третирање на кучињата скитници“, вели Бесар Дурмиши.

Од СВР Тетово велат дека за пет месеци во полициска станица 43 граѓани пријавиле дека се канати од кучиња скитници.

„Во Тетово и околината за 2024 во Тетово, 43 граѓани пријавиле дека се каснати од кучиња скитници, а во Гостивар, 25 граѓани пријавиле дека се каснати од кучиња скитници“, велат од Општината.

Инаку минатата година општина Тетово излезе со нов правилник за оштета на граѓаните кои ќе бидат каснати од кучиња скитници, но земањето на тие пари требаше да се прави според бројот на каснувања кои потоа се претвораа во бодови!