Тетовци револтирани за добиените сметки за данок на имот чекаа пред вратите на општината. Поголемиот број од нив дошле да платат и да добијат објаснување зошто сметките се зголемени за повеќе од 100%. Како што тие велат, живеат во исти просторит, а не добиваат дополнителни услуги, додека сметките се повисоки.
-Зошто цената е толку висока, беше 2100 сега ни дојде 5300 и нешто, за стан од 134, многу е да плаќаш 100 евра.
-Проблемот е што не живеам таму, треба да плаќаш повеќе, нормално немаш ниту отпад ни вода, не живееш таму, а треба да платиш повеќе, нормално одвреме наврме доаѓаш.
-Ги зголемиле цените ги направиле колку што не треба, 2000 денари беше а сега треба 5000 денари. Нормално, бидејќи и душата ти ја вадат. Одиш кај едниот, одиш кај другиот ти вели оди кај другиот, оди кај другиот, не оди кај другиот.
-Отидов за водата ми велат да плаќам 700 денари, зошто кога не трошам. Имало нови правила. Да, правилата треба да важат за тие што живеат тука, јас не живеам тука, немам ни апарат за мерење колку трошам. Ми велат оди собери документи, не знам колку документи.
-Надвор е 40 степени а овие ги шетаат луѓето. Не е во ред, да ти си под сенка, а луѓето нека шетат. Не е во ред но таква ни е државата.
-Дојдов да платам за оваа година, двојно е за разлика од минатат година, не се знае причината поради која е зголемена за три пати цената, додека не знаеме ни што ни нудат. Бараме транспарентност зошто цената е толку висока, нека биде како што беше минатата година, не бараме повеќе.
-Илјада и двеста денари платив минатата година, оваа година три илјади и сто денари. Но, за каква куќа, куќа во Мала Речица, нормално е дека е многу, вода и канализација немаме.
Но раководителот на Секторот за финансии во општина Тетово вели дека направиле повторна проценка на имотите бидејќи според нив и цените на пазарот се промениле. Селата влегле во градските зони, а планинските делови имаат поинаков начин за проценка.
„Немаше зголемување на даноците, но имаше ревалоризација на имотите и вклучување на сите имоти. Од она што се соочуваме со граѓаните кои се жалат или бараат појаснување, се потврдува дека се работи за вклучување на сите имоти, од претходните решенија и новите решенија се чини дека дел од имотите не биле опфатени, додека сега има ревалоризација на имотите и од забелешките што ги имавме од државната ревизија, во општина Тетово никогаш немало ревалоризација на имотите на граѓаните што го правевме 18 месеци заедно со нашите колеги. Наидовме на стан кој беше проценет за 200 евра за квадрат, додека сега знаеме дека пазарните цени се над 1000 евра, а ние како општина направивме просечна преоценка во зависност од областа каде се наоѓа станот“, вели Нуредин Дехари, шеф на секторот за финансии на Општина Тетово.
Од општина Тетово велат дека граѓаните плаќаат данок, а земјоделските површини кои не се обработуваат плаќаат повеќе данок на имот од оние што се засадени. Апелираат граѓаните кои имаат поплаки можат да се жалат во општина Тетово.
