Иако цените на дериватите се во пораст, а градскиот превоз во Тетово е бесплатен за одредена категорија граѓани, тие ретко избираат да се движат со автобус. Велат дека им е подобро со автомобил.
„До сега, да бидам искрен, многу ретко сум го користел, но сега го разгледуваме тоа. Со зголемувањето на цените на нафтата, мислиме дека тоа не е најдобро, ниту идеално решение“
„Го користиме, но без автомобил не можеш ништо. Ми одзема повеќе време; полесно ми е со автомобил“
„Јас сум од село, го користиме кога сме во град, но јас сум од село“
„Не дека немам потреба“,
Најголеми корисници на јавниот превоз остануваат средношколците, додека граѓаните на Тетово продолжуваат да ги претпочитаат своите автомобили за движење. Директорот на ЈП „Тетово Транспорт“ вели дека е потребно време новините да почнат да функционираат и се надева дека граѓаните ќе го користат повеќе јавниот превоз.
„Во моментов има 1.500 картички во употреба за јавен превоз. Најголемиот дел се средношколци, додека останатиот дел вклучува ученици од основните училишта и бесплатни картички кои се во оптек. Енергетската криза што се појавува низ целиот свет, но и кај нас, не се одразува врз користењето од страна на патниците; бројот на патници останува приближно ист“, вели Изер Кирмизи.
За да се добие бесплатна картичка за јавен превоз, лицето треба да биде жител на Тетово и да ги има подмирено долговите кон општината.
