Тетовци незаинтересирани за тестирања, лекарите порачуваат ситуацијата да се сфати сериозно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од петокот до денес само 6 лица ги посетиле пунктовите за тестирање од Ковид-19, кои се поставени од Домот за јавно здравје во Тетово и околните општини. Според податоците, 3 жители се пријавиле во тетовската болница, а тројца други на пунктовите во руралните општини. ТВ21 го посети пунктот во општина Желино и Боговиње. Лекарите апелираат граѓаните да ја сфатат сериозноста на ситуацијата со коронавирус и да ги почитуваат мерките на властите.

-Тука се нудат услуги за пациентите кои биле во контакт со пациентите од ендемични области или по препорака на матичен лекар-вели Мустафа Тахири, лекар.

-Народот ја занемарува оваа работа. Многумина седат во групи, не се пријавуваат и мислат дека е игра или нешто невистинско. Според анкетите што ги спроведов, тие мислам дека ова не е вистина и не се пријавуваат и повеќето ја занемаруваат ситуацијата-рече Шаќир Зилбехари, лекар.

Кризниот штаб во Тетово, им порача на сопствениците на хотелите во оваа општина да обезбедат место за можна изолација на луѓе. Инаку, во Тетово засега во самоизолација се 350 граѓани. Според податоците, во Тетово и руралните општини засега нема регистриран случај на заразен со вирусот Ковид-19.