Самохрана и болна, мајка на пет деца животот го турка во тешки услови. Сопругот на 52-годишната Васка, починал пред 3 години, а таа сега сама едвај успева да ги прехрани децата. Како што вели, постојано јадат само леб и маргарин. Семејството не зема ниту социјална помош, а ниту помош од државата.
Васка вели дека државата се грижи за нив само кога ѝ треба гласови.
Тие имаат 218.276 денари долг кон ЕВН , поради што стравуваат дека ќе им ја исклучат струјата.
Поради лошата економска состојба, и во време на пандемија не можат да се чуваат доволно и да купат заштитни средства. Единствената помош што им доаѓа е од Црвен крст. Како сите други, па така и децата на Васка сакаат да имаат играчки, облека, храна и своја соба.
Семејството Китановски бара од хуманите луѓе да им помогнат со пари, облека или храна.
Контакт телефон: 078 838 847
