Титаник 3, сведочеше сведок од Германија – Беслимовска: Алими праша: „Дали овде може да се направат далавери?“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ејуп Алими и Исмет Гури во локалните избори во 2013 година во Чаир, неколку пати влегле во канцелариите на општина Чаир, каде биле записниците и ги прашале членовите на изборната комисија „ дали овде може да се направат далавери“. Вака сведочеше Ресмије Беслимовска во предметот Титаник 3, каде се обвинети двајца членови на ДУИ, за изборни нерегуларности.

Беслимовска не е во Скопје, но сведочење преку видео повик, при што рече дека Ејуп Алими и Исмет Гури земале неколку записници и по некое време ги вратиле.

„Ејуп Алими зема дел од записниците и ги сокри под палто. Не се сеќавам во што беше облечен. Бев многу исплашена и не реагирав никако. По некое време Гури и Алими се вратија во канцеларијата и ги донесоа записниците што ги зедоа. Вие знаете во каква корумпирана држава живееме, се плашев за себе и за семејството, затоа ништо не кажав. Како да реагирам јас кога тие беа силни во партијата.“, рече Беслимовска.

Мефаил Арслани, адвокат на обвинетиот, Алими, изјавата на Беслимовска ја нарече контрадикторна.

Обвинетиот, Ејуп Алими, понудил графолошко вештачење, каде се вели дека записниците не се поправени од него. Овој доказ го прифати обвинителката Фатиме Фетаи, но таа додаде дека нема да смени ништо во обвинението.

Сведокот живееше во земјата но потоа се омажила и сега живее во Германија. Судењето за Титаник 3, ќе продолжи на 16 март, кога ќе се кажат завршните зборови.