Разни игри, базени и преполни кафулиња. Ова беше сликата во „Аква паркот“ во Скопје пред неколку години.
Но, оваа сезона вратите останаа под клуч. Сега преовладува запуштеноста.
Аква паркот овде во Скопје веќе неколку годинине работи, а граѓаните и ова лето не може да уживаат во овој рекреативен центар.
Ова е детското катче кое порано беше полно со вода, но и луѓе. Денеска е запуштено.
Овие топогани на кои младите се забавуваа сега се покриени со кал, а базените изгледаат како мучуришта.
Додека снимавме, дојдоа и туристи од Босна и Херцеговина, со мисла дека „Аква Паркот“ функционира.
На 16-ти јули преку друштвените мрежи информираа дека оваа сезона нема да работат.
За состојбата, плановите и зошто не работи „Аква Паркот“ прашања испративме до Спортскиот центар Борис Трајковски и директорот Филип Даскаловски. До емитувањето на овој прилог одговор не добивме, а во меѓувреме Влада го назначи Данијел Апостолоски за нов директор.
